Што треба секој маж да носи на плажа

0

Ако сакате да поминете одлични моменти на плажа, еве што е потребно да имате…

Момци, ако мислите дека пешкирот ви е доволен за на плажа, тогаш дозволете да ви ги посочиме следниве неколку работи…

Цел ден поминат на плажа бара однапред подготвена торба, ние советуваме на плажа никогаш да не одите  без следниве неколку работи:

1. Очила за сонце
Покрај тоа што ги штитат очите, допринесуват за модерен изглед и комплетирање на стајлингот за на плажа. Потрудете се очилата за сонце да се што потемни, за подобра заштита од сонцето.
muski-magazin-sta-morate-da-nosite-na-plazi (1)2. Крема за сончање
Ако мислите дека мачкањето е само за жени, грешите. Сонцето може да предизвика многу алергии и проблеми доколку кожата не е соодветно заштитена. Секогаш мачкајте се ако се изложувате на сонце и секако кога ќе влезете во вода. Користете висок заштитетн фактор.
muski-magazin-sta-morate-da-nosite-na-plazi (5)

3. Шише со вода
Шише вода во кафулињата на плажа може да чинат двојно поскапо, па заради тоа може да си понесете стаклено шише или термос од дома. За време на летните горештини постојано пијте вода, особено додека сте на плажа.
muski-magazin-sta-morate-da-nosite-na-plazi (6)4. Шешир
Како и очилата, така и шеширот е задолжителен асесоар за време на летниот период. Одличен е за стајлингот и за заштита од сонце.
muski-magazin-sta-morate-da-nosite-na-plazi (2)

Торба
Одбегнувајте телефонот, клучевите и парите да ги чувате на пешкир или во шорцевите. Користете торба за на плажа или ранец.

muski-magazin-sta-morate-da-nosite-na-plazi (99)
Резервни шорцеви
Ако сте од оние момци кои се постојано во вода и ги сакаат игрите во вода, тогаш задолжително носете резерва шорцеви за преоблекување. Кога заоѓа сонцето водата станува поладна, а вие мора да мислите и на здравјето.

Овие модни, а воедно и практични додатоци се задолжителни за секој маж на плажа, и покрај тоа што тие велат дека не им е потребно ништо друго освен пешкир 🙂 .

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар