Што треба да знаете за црвениот кармин?

0

Црвениот кармин, моќното оружје на жените. Секоја жена барем еднаш во животот има ставено црвен кармин на себе. Ако не е така,тогаш се таа се уште ја нема почувствувано силата која оваа боја ја носи со себе.

Што треба да знаете за црвениот кармин?

За секоја боја на кожа постои нијанса на црвен кармин. Освен чистите црвени нијанси, постојат три варијанти: со портокалов, розов и син пигмент. На жените со посветол тен им одговара црвениот кармин со розов пигмент, на потемните со син, а на жените со поблед тен карминот со портокалови нијанси.

Црвениот кармин кога го нанесувате бара устата да биде исцртана со молив за да се дефинираат контурите. Ова е со цел устата да не изгледа криво. Моливот е потребен и да се спречи размачкувањето на карминот по устата. Нијансите и на едното и на другото мора да се поклопуваат.

Со црвениот кармин ќе изгледате важно, впечатливо и неверојатно убаво. Но, само доколку го носите со облека која одговара. Можете да го носите со краток коктел фустан,со целосен комплет за на работа, вечерен фустан, бела кошула, со фармерки и кожна јакна. Може и со облека со животиснки принт.

За да не ви останува карминот на забите послужете со стариот трик. Оставете бакнеж на хартиено марамче или тоалетна хартија откако ќе го нанесетете.

Треба да знаете дека секогаш забите изгледаат побели со црвен кармин на устата.

И не комбинирајте розова облека со црвен кармин. Не одговара и изгледа смешно.

А сега, ставете ја вашата нијанса на црвен кармин и освојте го светот!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот