Што треба да знаете пред да купите пакувана салата

0

Пакувана салата е совршен избор кога ви се брза и немате време или не сакате да подготвувате сами. Генерално, ваквиот начин на пакување безбеден, но сепак треба да се внимава со пакуваните зелени салати.

Зошто?

Ако има некаква контаминација, како на пример салмонела и слично, тоа останува заедно со салатата внатре и потоа стигнува до потрошувачот.

Не постои голема разлика во пакувањата, дали е во пластика или во кеса, туку проблемот е во процесот на подготовка на истата.Дали е добро измиена, како е исечкана и дали се внимавало нечистоиите кои би можеле да предизвикаат проблеми.

Овој тип на салати има 2-3 пати подолг рок на траење за разлика од обичниот зеленчук кој е отворен и подложен на побрзо сушење.

Сепак, нутритивната вредност се задржува, иако е пакувана, но за среќа не е преработена.

Така што, нутриционистите препорачуваат секако консумирање на салата токму заради витамините кои ги поседува, а му се потребни на организмот.

Во САД 70% од домаќинствата купуваат пакувана салата, ситуација која кај нас не е толку актуелна со оглед на тоа дека се уште функционираат зелените пазари и големите супермаркети каде може да се најде свеж зеленчук, кој е веднаш употреблив.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот