Што ТРЕБА да ги прашате учителите на вашите деца?

0

Цели 20 години работам во училиште. Кога долго време работите една иста работа, учите дека на некои работи не треба да реагирате, да премолчите тоа што сметате дека нeма да направи промена ако се каже.

На првата родителска средба ќе ви биде јасно со кои родители добро ќе соработувате, а кои од нив ќе ве гледаат како непријатели кога нивното дете нема да ја добие оцената што тие сметале дека треба.

Ќе се соочите со агресивни родители, со оние кои вие ќе морате да ги смирувате кога детето ќе добие лоша оцена.

Но, тоа не е тема на овој текст. Тука би сакала да ги потсетам родителите што е нивна работа во образовниот процес. Или поточно што не е. Верувајќи дека единствена работа на учителот е просто прераскажување на лекции и проверување на знаењето, родителите со своето незнаење најмногу препреки ставаат на патот на успехот на своето дете со самото тоа што гласно и без воздржување ги преиспитуваат методите на учителите.

„Зарем не мислите дека ова се премногу задачи за нив“

„Дали им е неопходно толкаво знаење?“

„Да не е малку рано да учат толку сложени операции?“

„Моето дете нема да седи до тоа и тоа дете, ве молам преместете го“

На страна од тоа што јас не одлучувам за планот и програмата, како и генерации пред вашите деца, успеале со таа возраст да совладаат конкретната програма.

Што треба да прашаат родители?

-Дали моето дете убаво се однесува?

-Дали дава се од себе?

-Дали Ви изгледа среќно моето дете?

-Дали моето дете изгледа издржливо кога ќе му дадете тешка задача?

-Дали моето дете има пријатели?

-Дали е моето дете на добар пат?

-Дали моето дете е одговорно?

-Дали моето дете се смее?

-Дали ги почитува правилата и процедурите?

-Дали има некоја област во која посебно се истакнува?

-Дали моето дете е љубопитно?

-Што сака да чита?

-Дали моето дете е внимателно на часови?

-Дали моето дете де однесува убаво кон учителите и останатите децца?

-Дали моето дете е креативно?

Ако поставувате вакви прашња, јас гарантирам дека ќе најдете нови начини како да му помогнете да биде подобро и поушено во животот.

Верувајте во учителите и поддржете ги.

Преземено од zelenaucionica.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.