Што се случува со ноктите кога ќе ги одморите од маникир

0

Одлично се чувствувате кога ноктите ви изгледаат уредно, или пак кога знаете дека следниот маникир се ближи и ќе ја промените бојата на лакот…

Но, ако забалежите дека за кратко време откако ќе направите маникир тој се уништува, тогаш потребно е малку да ги одморите ноктите.

Што се случува со ноктите кога ги одмарате од маникир прочитајте понатаму…

1. Ноктите ќе станат многу поцврсти
Лакот за нокти содржи многу хемикалии и е многу штетен производ. Ацитонот за нокти е исто така супстанца што ги суши ноктите и кожата на прстите.
Бидејќи невозможно е да се направи нов маникир без притоа да се отстрани стариот лак, ноктите постојано се изложени на сушење кое води до лупење и на крај на пукање на ноктите.

zenski-magazin-sta-se-desava-nakon-prestanka-manikira-noktiju(2)

2. Ноктите ќе бидат помеки
Ноктите се составени од слоеви на мртов кератун. Кога го отстранувате лакот од ноктите се отстанува и површниот слој заедно со лакот, а ова предизвикува вели флеки и рапавост на ноктите.
Одржувањето на ноктите по природен пат ќе овозможи тие флеки да исчезнат. Покрај тоа ноктите побрзо ќе почнат да растат.
zenski-magazin-sta-se-desava-nakon-prestanka-manikira-noktiju(3)

3. Ноктите ќе бидат посветли
Како што виното и кафето ги прават забите пожолти, така и лакот за нокти ги пожолтува ноктите кога често се користи.
Направете пауза и дозволете по природен пат да им се врати бојата.

zenski-magazin-sta-se-desava-nakon-prestanka-manikira-noktiju(1)

4. Потребна е редовна хидратација
Штом решите да ги освежите ноктите и да ги оставите без маникир, потребно ќе биде да ги одржувате свежи- хидрирани.
Купете посебно масло за нокти и премачкувајте 2 пати во текот на денот. Исто така постојат и посебни креми за одржување на ноктите што може да ги користите.
zenski-magazin-sta-se-desava-nakon-prestanka-manikira-noktiju(5)5. Сакајте го природниот изглед на ноктите
Меките, сјајни и негувани нокти секогаш добро изгледаат. Оставаат впечаток на педантна и природна личност. Покрај тоа користењето на  лак со хранливи состојки ќе им даде нежност и белина.

zenski-magazin-sta-se-desava-nakon-prestanka-manikira-noktiju(99)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот