Што се случува 48 часа после сексот?

0

Сексот е една од најважните работи во врска помеѓу двајца луѓе. Ако тука не можете да се најдете на половина пат, во тој случај најдобро е да раскинете, бидејќи најголемите проблеми во иднина можат да бидат предизвикани од сексуална фрустрација.

Брачните советници велат дека ако на почетокот сексот бил добар, а со текот на годините настанале промени, во тој случај има надеж за подобрување. Со разговор и практична употреба на советите во спалната соба од сексуален советник, проблемите можат да се надминат.

Добриот секс значи и посреќен, но и подолг живот. Чувството на задоволство после тоа е незаменливо, животната енергија се зголемува, а личноста станува посреќна заради лачење на хормонот на среќа.

Научниците на оваа тема имаат ново откритие – велат дека 48 часа после сексот доаѓа најдоброто чувство кое го нарекуваат „постсексуален сјај“

Тоа е оној природен сјај кој се јавува за време на сексуалниот однос, а подразбира љубов, задоволство и поврзаност со партнерот, а е забележливо за луѓето околу вас, дури и за оние кои не ви се многу блиски.

Овој сјај е поврзан со тоа што сте среќни во врската, бидејќи како што споменавме на почетокот, сексот е тој што ги поврзува партнерите, го поттикнува хормонот на среќа и ја зголемува интимноста. Испитаниците во студијата, кај кои задоволството било големо после односот, биле очигледно посреќни 48 часа после тоа.

Со други зборови, задоволството ги поврзува луѓето, но после сексот тоа многу повеќе влијае на нивната среќа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот..