Што се имаат луѓето ископано во своите дворови

0

Од различни причини луѓето некогаш ги ископуваат своите дворови и многу често наоѓаат закопани предмети кои никогаш не би им паднало на памет дека може да се наоѓаат таму.

Не е првпат да слушнеме дека некој ископал бомба или пак богатство во својот двор. Одбравме неколку приказни кои делуваат интересно.

10 милиони долари во злато

Еден пар го шетал своето куче низ својот имот кој во минатото бил нарекуван “Земјата на златото“. Забележале стара, р’ѓосана кофа во земјата, во која пронашле злато вредно 10 милиони долари.

bucket-of-gold-coins

Ферари

Во 1978 година, две мали дечиња во Лос Анџелес се забавувале копајќи по дворот. Набрзо забележале автомобил Ферари за кој подоцна после истрагата која ја направиле се испоставило дека се работи за украден автомобил кој крадците го закопале сокривајќи го од полицијата.

zakopane-stvari-dvoriste-foto-ilyke-1453744083-831317

Гробишта од 2500 година пред нашата ера

Аматер историчар го истражувал својот имот во Британија и дошол до пронаоѓање на надгробни плочи од гробишта кои датираат дури од пред нашата ера.

zakopane-stvari-dvoriste-foto-ilyke-1453744182-831319

Метеорит

Во северна Босна, еден човек во својот двор пронашол дел од метеорит. Вистинско чудо е тоа што имотот на овој човек е погоден вкупно 6 метеорити досега.

zakopane-stvari-dvoriste-foto-ilyke-1453744319-831321

Парче злато

Човек од Калифорнија пронашол парче злато кое тежи 4 килограми во својот двор. Ова дело е продадено подоцна на аукција за 460.000 илјади долари.

zakopane-stvari-dvoriste-foto-ilyke-1453744535-831323

Топ од војната во 1812 година

Копајќи го својот двор со цел да направи рибјо езеро, еден човек од Њу Орлеанс пронашол топ кој бил употребуван во војната во 1812 година.

Смарагд

Вистинска среќа кај овој човек. Додека ги прекопувал своите редови со пченка на имот во Северна Каролина, тој пронашол 65- каратен смарагд, кој е продаден на аукција за 900.000 долари.

images

Црквени ѕвона стари 400 години

Поставувајќи нови цевки за вода во својот двор во Чешка, еден човек пронашол вкупно 3 црквени ѕвона од пред 400 години, кои биле украдени од блиската црква.

Наполнета автоматска пушка

Еден Канаѓанец во својот двор пронашол потполно нова и полна автоматска пушка и мобилен телефон. Се претпоставува дека со неа е извршено кривично дело.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.