Што сакаа да ни порачаат познатите дами со нивните модни комбинации

0

Навистина е мал бројот на модни комбинации кои добиле статус на „комбинации за сите времиња“, особено кога во прашање се познатите дами и нивните модни избори кои се менуваат од појавувањето на секој следен црвен тепих. Но, следниве модни избори се уште ги држат будни очите на јавноста. И не поради тоа што се скапи, туку поради тоа што се уникатни, авангардни и неконвенционални.

Дамите кои денеска ги ставаме во фокус со своите модни избори го свртеа вниманието кон нив, предизвикаа и критики и восхит, но во секој случај нивните модни комбинации кријат силни пораки и голема инспирација.

Деловната комбинација на Росалинда Расел

Во филмот од 1940-тата година, „His Girl Friday“, Расел толкува новинарска која работи во светот на мажите, но апсолутно ги контролира ситуациите. Во тоа и помага женскиот безвременски костим.

1

Смокинг одделото на Глејдс Бентли

Оваа џез пејачка од дваесеттите години на минатиот век станала препознатлива по тоа што наместо здолниште преферирала смокинг и ги прекршила правилата на облекување својствени за тоа време.

2

Белиот фустан на Мерилин Монро

Култниот бел фустан на Монро од филмот „ The Seven Year Itch “ е еден од најпознатите низ историјата на облеката. Нејзиниот фустан бил еден од најавангардните избори за тоа време.

3

Кратките здолништа на Твиги

Твиги сакала да покаже дека со својот стил предизвикува промени во општеството и ги преминува границите. Таа со својот стил ја критикувала конзервативната етика на педесеттите години на минатиот век.

4

Венчалната облека на Бјанка Џегер

Наместо во класична венчаница, Џегер го кажала судбоносното да во бел костим од Ив Сен Лорен во далечната 1971 година. Сакала да покаже дека не треба секоја невеста да облече венчаница доколку чувствува дека нема потреба за тоа.

5

Андрогениот стил на Грејс Џонс

Грејс внесувала неконвенционални родови идентитети во меинстрим модата. Никој не е попознат од неа по начинот на кој се облекувала, кој повеже наликувал на машки стил, отколку на женски.

6

Чудниот фустан на Бет Дито

Овој фустан фокусот го става на телото кое мора да се набљудува во позитивен контекст и Бет со помош на Жан Пол Готје успеала во тоа. Нејзиниот фустан го привлекол вниманието на сите оние кои сметале дека жените мора да бидат слаби за да бидат убави. Токму оние чие мислење Бет сакала да го промени.

7

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар