Што пропуштивме гледајќи во мобилниот телефон

0

Пропуштаме многу работи. Нема зошто да ја разубавуваме целата ситуација – сите ние сме зависни од телефоните. Единствената разлика е во тоа што некои станале порано, а некои подоцна.

Да, социјалните мрежи се виновни за тоа. Од една страна ни го олеснуваат животот и комуникацијата во смисла дека лесно дознаваме за настани, случувања од приватниот живот на пријателите, имаме опција кога сакаме бесплатно да се слушнеме со драгите луѓе надвор од земјата.

Сега некој ќе рече  – ама јас немам Фејсбук, не сум зависен и не гледам ништо.

Точно, дел од проблемот е решен, Но, од друга страна сигурно имате смартфон на кој читате весници, дневни случувања, користите Viber и сличните канали на комуникација и сето тоа удобно сместени на креветот во дневната соба.

Што пропуштаме?

Пропуштаме да го почувствуваме моментот кога омилениот бенд ќе се појави на сцената на концерт за кој сте платиле билет. Наместо да уживаме, ние бараме начин да го снимиме тоа. Готово, сте пропуштиле, попусто дома ќе си го пуштате пак кога таму бевте зафатени со вашиот телефон.

Пропуштаме да уживаме во првиот залак од превкусното јадење кое го направиле за нас. Наместо тоа, го бараме телефонот за да го ставиме на Инстаграм.

Пропуштаме да ги научиме децата да зборуваат.

13686707_10210672921167033_6834710118840576355_n

Пропуштаме да уживаме во изразот на лицето на детето кое штотуку проодело.

Пропуштаме моменти на флертување кои можат да ни го сменат животот.

Пропуштаме да поздравиме некого на улица, некој кој ни значи во животот.

13412954_10210672921247035_6263623132961226325_n

Паметните телефони се дел од нашето секојдневие, но мора да научиме да ги контролираме, наместо тие да нè контролираат нас – пред да биде доцна!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар