Што прават одредени луѓе за да се збогатат?

0

Што треба да се направи за да се биде богат е прашање кое мачи многу луѓе ширум светот.

Експертот за финансии, Стив Сибол знае како најдобро да стигнете до богатство, затоа што со години ги проучува богаташите и нивните навики. Тој вели дека е возможно да препознаете човек кој никогаш нема да биде богат, затоа што се плаши да ги направи омилените активности на богатите луѓе или пак прави работи на кои богатите не ни помислуваат да ги направат.

Вложување

Еден од најефикасните начини е да вложувате. Милионерите, во просек, вложуваат 20 отсто од своите приходи на годишно ниво.

Плата

Луѓето кои се задоволни со својата плата, нема никогаш да се збогатат. Сибол тврди дека подобро е да започнете сопствен бизнис или да пронајдете дополнителна работа.

Непланирано купување

Сите сакаме многу нешта, но непланираното купување ссо сигурност нема да ве направи милионер.

План и цели

Милионерите имаат финансиски планови и цели кои сакаат да ги постигант во одреден период. Важно е да знаете каде ја трошите секоја паричка ии за што.

Штедење

За да имате повеќе, би требало да штедите. Од секоја нова заработувачка, тргнете десет проценти на штедна книшка.

Ризик

Кон патот до богатството нема спиење и мир. Морате да ризикувате, да вложувате, да влегувате во нови бизниси и да бидете храбри.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар