Што прават фит луѓето после работа?

0

Сакаме да останеме фит, а кога ќе се вратиме дома од работа веднаш легнуваме пред телевизорот и одмараме. Е, токму тоа не треба да го правиме. Што ни е потребно за да бидеме фит и во форма?

Да подготвиме храна за наредниот ден

Ако сакаме да се храниме здраво, клучно е ден однапред да испланираме што ќе јадеме наредниот ден. Тука не спаѓа готовата храна и фаст фудот.

Квалитетно да го пополниме времето после работа

Важно е да бидеме опуштени, па добро е да се прочита нешто, да се прошета во природа, да се свири некој инструмент или слуша музика.

Да ги прескокнеме диеталните пијалаци

Најновите студии покажуваат дека луѓето кои конзумираат диетални напитоци имаат тројно повеќе масно ткиво на стомакот од оние кои не ги пијат. Наместо тоа добро е да се пие вода.

Нема потреба да се тренира секој ден

Секако дека за да бидеме фит треба да вежбаме, но не секој ден. Деновите кога се одмара од вежбањето се многу важни бидејќи тогаш мускулите се одмараат и формираат.

Да си легнуваме пред 00:00 часот

Од нездравиот сон највеќе страда здравјето, затоа тој има клучна улога во секој сегмент. Потребно е најмалку 8 часа спиење и секако легнување пред полноќ за да бидеме целосно одморени.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот