Што „пали“ секогаш кај жената!

0

Некои мажи се надеваат на веќе познатите фрази, додека пак други веруваат дека изгледот ќе си го направи своето.

Меѓутоа, ако сакате да „паднете во очи“ на една жена, ништо не може да се спореди со искрена насмевка и нежен допир на рацете- велат стручните лица.

Најновите истражувања на универзитетот во Абердин покажаа дека нежниот допир на женските раце може значајно да ја унапреди љубовната врска или пак шансите на мажот кај жената.
Имено, две третини од жените прифатиле да танцуваат со мажи кои им ги допираат рацете само 2-3 секунди додека молеле за танц, но истите мажи тешко поминале додека своите раце ги држеле покрај телото и разговарале со испитаниците од женскиот пол.
Нежниот и ненападен машки допир придонел жените многу лесно да го дадат својот телефонски број, а ова го објаснува тврдењето на стручните лица дека со допир, мажот станува повеќе доминантен, а на тој начин и привлечен.

Според тврдењата на стручните лица, оние мажи кои никако не може да соберат храброст за ваков чекор, во најмала рака би требало да се насмевнат.
Според резултатите на студиите добро насочениот поглед со искрена насмевка го прави мажот дури осум пати попривлечен за спротивниот пол.
Секако, која жена не би „паднала“ на љубезен маж со широка насмевка?

„Здравата кожа е исто така многу важен идикатор за комплетното здравје. Во последните неколку години се повеќе собираме докази, како изборот за начин на живот може да ја подобри вашата кожа, здравата храна, постојаната хидратација, доволно спиење и откажување на цигарите. Без разлика што велат мажите и тие прво ја збележуваат кожата на жената- вели истражувачот Бен Џонс.

Интересно е тоа што мажите им се уште попривлечни на жените кога се опкружени со женско друштво. Ова можеби веќе ви е познато.
Доминантноста, машкоста  и храброста на мажот највеќе се истакнува кога е  во женско друшто- тврдат истражувањата спроведени на понежниот пол.

Верувале или не, на жените им се потребни само неколку секунди да донесат одлука за потенционална љубов, 45% од жените кои учествувале во експериментот за не повеќе од 30 секунди донеле одлука за мажот кој седел наспроти нив.

Епа мажи сега знаете што се уште „пали“ кај секоја жена, а тоа е највистина многу едноставно! 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.