Што открива парфемот за неговиот карактер?

0

Знаете ли дека парфемот кој се наоѓа на неговата полица може да открие многу повеќе за него отколку било што?

Ако сте љубопитни за неговиот карактер, парфемот дефинитивно ќе ви помогне да одгатнете нешто повеќе за него…

Му се допаѓаат цитрусни парфеми…
Тој е едноставна душа, без никакви компликации. Цитрусните парфеми имаат нота на лимон, портокал, грејпфрут и а симболизираат светлина, свежина и живост. Мажите кои го сакаат овој мирис се секогаш фокусирани и водени од своите сетила. Можеби немаат голема имагинација, но со сигурност најмногу може да им верувате.

На неговата полица најчесто се наоѓаат: Tommy Hilfiger- Tommy, Clinique- Happy и Burrbery- Wekeend
3386463402818__1469716872_77.29.54.91

Му се допаѓаат водни парфеми…
Тој е вистински авантурист. Водните парфеми имаат дозна на цветна, цитрусна и минерална нота, создаваат најкул чувство – како да сте во близина на океан. Мажите кои сакаат водени парфени не може да седат мирно. Постојано бараат активност и предизвик. Тие се забавни и сакаат да живеат слободен живот.

На неговата полица најчесто се наоѓаат: Ferre- Aqua Azzura, Blue LandTrussardi, Versace- Eros
126666__1469716788_77.29.54.91

Му се допаѓаат цветни парфеми…
Тој е креативна и уметничка душа. Цветните парфеми имаат прекрасна нота на лаванда, ванила, сандовал… Одговараат на момци кои сакаат да го слушаат ритамот на сопственото срце. Не се тип на луѓе што ја следат групата, сакаат да ги поместуваат границите и да бидат признаени поради своите интелектуални способности.

На неговата полица најчесто се наоѓа: Salvatore Ferragamo- Essential Blue
30252_AEblu_100ml_front_CMYK__1469716711_77.29.54.91

Му се допаѓаат ориентални парфеми…
Тој е интроспективен и мистериозен. Ориенталните парфеми имаат силна и впечатлива нота
– предизвикувачка и заводничка, токму како и мажите кои ги користат.
На овие мажи им е потребно повеќе време да се опуштат во друштво или кога запознаваат друга женска личност. Но, ако внимателно им го привлечете вниманието може да откриете дека под таа личност се крие идеалист и чувствителна душа.

На неговата полица најчесто се наоѓаат: Burrbery- London, Givenchy- Play.

download


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

 

Остави коментар