Што открива накитот за вашиот карактер

0

Никогаш не добивате втора шанса за првиот впечаток што го оставете кај луѓето. Колку е вистинит овој став? Облеката што ја носите, начинот на кој се изразувате, изгледот на вашата коса и накитот кои го носите се дел од вас, кои сте всушност вие.

Накитот претставува начин по кој луѓето се идентификувани кај другите. Што всушност говори накитот за личностите кои ги среќавате на забави, улица или работа?

Еве неколку карактеристики за накитот и оние кои го носат:
Забавна и Пријатна

Личноста што носи гломазен накит како на пример обетки, ланче или пак екставагантен прстен е секогаш активна, дружељубива и занимлива.

Овој тип на девојки се секогаш опкружени со голема топла на луѓе за време на забави. Нивниот весел карактер и дарежливоста ги привлекува  како магнети.

Приземени личности

Девојките кои обожуваат да носат накит од рециклирачки материјали како на пример, тиркизни обетки, ланче од школки, сини стаклени аксесоари или пак нараквици од плетки се љубители на природата. Овие личности сакаат да се постојано надвор и се свесни за светот околку нив. Сакаат да носат земјени тонови како кафено, зелна боја како во шумата, сина како морето и крем нијанса како песокот.

Класична елеганција

Постојат личности кои се љубители на едноставен и елегантен накит како што се бисерните обетки и огрлици. Овие личности најчесто се традиционални и ги обожуваат фамилијарните врски. Тие преферираат мирни места за дружба со своите пријатели.
Нивниот класичен вкус се однесува и на облеката и домашното уредување. Може да ги забележите лесно  токму поради држењето и смиреноста што ја поседуваат.

Совршенство 

Се што овие личности одбираат е со огромно внимание и детален фокус. Никогаш не одбираат нешто по втор пат, првиот избор мора да е најдобар и секогаш живеат со полна пареа. Сами си поставуваат цели во животот и очекуваат да ги исполнат. Кога одбираат накит тоа мора да е парчето што пред тоа си го замислиле. Ги обожуваат дијамантите на „Tiffani“, и брендиран накит .

Љубители на сет-комплети

Личностите кои се одговорни и организирани сакаат да носат накит со иста боја одсносно комплетен сет на обетки, орглица, прстен итн. За нив е важно обетките да се совпаѓаат со бојата на нараквицата или пак, ако носат елегантен сет од бело злато тоа да одговара совршено со нивните чевли. Ти се одликуваат со грациозност и префитеност, одлично се вклопуваат во друштво и се секогаш тука за делење совети.

Трендсетери

Овие личности сакаат да се во чекор со модата и начесто одбираат ретро накит за да го истакнат својот моден став. Тие сакаат накит кои се разликува од другите и е необичен. Често заглавуваат во антикварници каде може да видат рачно изработен и спесифичен накит. Не се зависни од познати имиња на брендови бидејќи она што го носат го опишува нивниот моден израз е во форма на уметност.

Пери – носи

Има личности кој обожаваат да носат накит кој одговара на се, ова се обично спортските духови. Без разлика дали се работи за активен спорт, или класичен балет и слично, овие личности се секогаш активни и водат енергичен и атлетски начин на живот. Накитот кои го бираат секогаш внимаваат да одговара и да е едноставен за секоја пригода, односно да не мора да го отстрануваат кога играат на пример тенис или за било која друга физичка активност. Обожуваат детали како на пример гравирана позната мисла или некоја мотивирачка поговорка. За време на интервјуа сакаат да носат помалку впечатлив накит а тоа може да се и бисерни нежни обетки, доколку носат огрлица таа мора да е навистина обична и нежна. За вечерните пригоди нивниот спортски дух се претопува во едноставна елеганција.

Накит: Nina Box Macedonia

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот