Што открива лицето за вашето здравје

0

Што гледате кога ќе се погледнете во огледало? 

Според кинеската медицина, лицето е прозорец на здравјето. Челото, носот, брадата, десните и левите образи- секоја од овие 5 зони сигнализира што се сличува во вашето тело.
Повеќето луѓе не сфаќаат дека нивното лице ги покажува точно сигналите на нерамнотежата во телото.

Секој дел од вашето лице одговара и на различни елементи: оган, земја, вода, метал и дрво, кои пак одговараат на одредени органи.
Вашиот одраз нуди визуелни сигнали што може да кажат што се случува одвантре.

Чело
Според кинеската медицина челото одговара на елемтот оган. Поврзано е со срцето, цревата, умот и духот.
Кога го гледате челото, и забележувате црвенило или мали крвни садови кои се јавуваат, илли промена на бојата тоа може да укажува на проблеми со срцето. Промената на бојата на кожата, исто така, може да биде предизвикана од неодамнешни емоционални искуства , како што се љубовни разочарувања или загуби.
Срцев удар, може да се предвиди со појава на суптилена сина- зелена нијанса на челото.
1Нос
Носот одговара на елементот земја, и е поврзан со желудникот, слезината и панкреасот.
Симптомите обично се покажуваат како ситни акни на врвот или на страната на носот. Или размислете што сте јаделе претхониот ден, можеби многу зачинета храна што може да е проблем за организмот. Како резултат на тоа , може да страдате од проблеми со варењето, запек или пролив.
Испукани капилари пак на носот, може да сигнализираат проблеми со алкохол или премногу грижи и стрес.
2 (1)Брада
Брадата е зона што одговара на елементот вода, а е поврзана со бубрезите, мочниот меур, вклучувајќи ги и хормоните и жлездите.
Потемнување на кожата околу устата и брадата може да укажуваат на проблеми со бубрезите или на мочниот меур. Мозолчиња околу брадата пак може да укажуваат на хормонална нерамнотежа.
Овој проблем најчесто се јавува кога телото произведува вишок на тестостерон и естроген. Според кинеската медицина, луѓето кои имаат мала брада се генетски предиспозиционирани за слабост во бубрезите и мочниот меур . Сепак, ова не значи дека ќе се развие бубрежна болест.
3 (1)Десен образ
Десниот образ одговара на елементот метал, а ги поврзува белите дробови и дебелото црево.
Проблемите со белите дробови и дебелото црево даваат сигнали на кожата на лицето преку промена на бојата и проблеми со кожата на десниот образ како акни, егзема и црвенило.

Белите дробови или горните дишни патишта , може да предизвикаат визуелни симптоми на десниот образ .
Луѓе кои се склони кон респираторни алергии или астма имаат тенденција за егзема, благо исфрлање или модрикаво- зелени нијанси на десниот образ .
4 (1)Лев образ
Левите образи одговараат на елментот дрво и се поврзани со црниот дроб и жолчката.
Испукани капилари и црвенило укажуваат воспаление или токсини во црниот дроб. Испакнати вени, црвенило и исфрлање, понекогаш може да биде знак за висок крвен притисок. А жолтеникава нијанса под левото око, може да укажуваат на жолчни камења или високи триглицериди и холестерол.
На овој дел од лицето исто така се покажуваат и емоцијални проблеми како лутина и депресија.

Имајте на ум дека постојат многу начини на кои се сигнализира дисбалансот на вашето тело или промените низ кои поминуваа. Потребно е да ги откриете на време.
5 (1)
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.