Што никогаш нема да најдете во шкафот на една Парижанка

0

Французинките, без сомнеж, отсекогаш биле синоним за жени со стил, па ако сакате нешто од тој стил да им украдете, еве неколку совети од парижанката Каролина де Мегре, која се прослави како модел и муза на Шанел.

Каролина, во својство на коавтор, ја напиша книгата „Како да бидете парижанка каде и да сте: љубов, стил и лоши навики”, која во посебно поглавје истакнува кои се премдетите за облекување кои никогаш не би смееле да се најдат во шкафот на една жена од Париз.

Па, да тргнeме по ред:

  1. Топуци од 7 см
    Зошто?
    “Затоа пто парижанките не сакаат да го живеат животот на половина”.

 

  1. Облека со логотипи на брендови
    Зошто?
    “Затоа што не сте билборд.”

 

  1. Најлпон, полиестер, вискоза
    Зошто?
    “Од нив ќе бидете водени, испотени и ќе светите.”

 

  1. Пижама пантолони
    Зошто?
    “Ниту еден маж не би требало вас да ве види во ова, освен можеби вашиот фитнес тренер. Хеланките се толерираат.”

 

  1. Џинс со светки, циркони и останати блескави или сјајни елементи
    Зошто?
    “Тој стил му припаѓа на Боливуд.”

 

  1. Куси и проѕирни маички
    Зошто?
    “Затоа што немате повеќе 15 години.”

 

  1. Лажни брендирани чанти
    Зошто?
    “Затоа што не треба да очекувате дека со „фејкови“ (a тука спаѓаат и вештачките гради) ќе си ја подигнете самодовербата.”

 

А што всушност носат Французинките, ќе ви покаже Каролина де Мегре.

100257_francuski-sik-profimedia0225004209_gal-1024x768

100259_francuski-sik-profimedia0252351360_gal-1024x768

100262_francuski-sik-profimedia0261471747_gal-1024x768

100256_francuski-sik-profimedia0216480244_630x0

 

Остави коментар