Што никогаш не би јаделе нутриционистите

0

Ријана Ламберт, позната нутриционистка од Лондон, открива кои намирници луѓето треба да ги избегнуваат – иако тие мислат дека се здрави и го консумираат постојано.

Сируп од агава не е здрав. Оваа билка е од семејството кактус, на латински агава, која изобилува со фруктоза 0 има од 75 до 90 % во неа. Тоа значи дека на тој начин се внесува многу шеќер во крвта. Луѓето мислат дека сирупот е подобра варијанта од шеќерот, но овој сируп е подеднакво лош.

Овошните јогурти исто така содржат големо количество шеќер. „Многу видови од нив се преполни со шеќер. Држете се до грчката варијанта на овошен јогурт, односно на обичниот додајте му овошје“ – препорачува таа.

Не се здрави ниту протеинските додатоци. Тие се сметаат за здрави, но често содржат засладувачи за кои истражувањата покажуваат дека го подигнуваат нивото на шеќер, создавајќи чувство на глад.

Инстант супите со тестенини се исто така лош избор. „Кој воопшто чита од какви состојки е направена супата. Тие го зголемуваат кадриометаболичкиот синдром кој може да предизвика проблеми со срцето, дијабет и удар. Жените се посебно чувствителни и изложени на овие ефекти“ – тврди Ламберт.

Не се здрави ниту индрустриските житарки. Таа вели дека единствено што би јадела е овес, а најлоши од се за нашето здравје се оние кои имаат ознака дека помагаат при губење на тежината или пак дека се наменети за деца.

Затоа, следниот пат внимавајте што купувате, а уште повеќе што „здраво“ јадете.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.