Што не ви кажуваат кога ставате гел нокти

0

Долги нокти кои не се кршат и изгледаат прекрасно, а што е најубаво траат три недели. Сон на секоја жена кој сега е реалност. И секако дека и тука важи правилото дека премногу добро за да биде вистинито.

Дали УВ зраците на лампите се опасни?

За време на маникирот со гел техника раката се става на лампа со ув зраци по неколку пати во времетраење од неколку минути, така што изложеноста не е голема. Меѓутоа, ако сте вие од оние луѓе кои маникирот почнале да го практикуваат многу рано, пред дваесеттите години, па и подоцна, а оваа техника станала редовна на листата на бјути третмани тогаш треба имате причина за страв.

Според докторката Хејди Валдорф, директор на ласерското одделение за козметичката дерматолошка клиника во Њујорк, во Америка се регистрирани два случаи на рак поврзани со редовна употреба на УВ лампа.

За да се избегнат сите ризици, таа советува при секој третман да се намачкате со крема за сончање и заштита од УВ зраци.

Суви кршливи нокти

Ова е очекуван ефект после нанесување гел на вашите нокти, бидејќи самиот процес на вадење на гелот логично, ги оштетува ноктите без разлика дали се работи за некоја хемикалија или се користи турпија.

Оштетувањето е неминовно ако постојано користите гел техника. Негувајте ги вашите нокти бидејќи многу често оштетувањето може да биде неповратно.

Летото само што не почнало, а во лето се прават промени. Овојпат ние решивем да ви претставиме неколку фризури кои ќе бидат полн погодок за сезоната пред нас. Свежи и шик, а ќе можете да ги средите многу лесно односно не бараат премногу време за подготовка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот