Што (не) треба да правите кога ТОЈ ќе престане да се јавува

0

Ве маѓепсал, па го нема неколку дена. Еве што да правите кога конечно ќе стигне неговата порака. 

Се гледате со момче кое ви се допаѓа и јасно ви е дека сте „готови“. Деновите ви поминуваат во розева маглина, сонувате за него и единствено што ви ги расипува плановите е што се случува да „исчезне“ на неколку дена. Ниту се јавува, ниту одговара на пораки и вие немате претстава што би требало да направите.

Вака оди процесот…

Кога конечно ќе стигне таа порака која ја чекате веќе со денови, немојте да одговорите истиот момент. Не велиме дека сега треба и вие него да го држите „на тенок мраз“, но, да почекате 45 минути или еден час е сосема во ред. Во спротивно, ќе оставите впечаток на целосна очајничка (дури и ако е вистина, тој не мора да биде свесен за тоа).

Исто така, немојте да одговарате на пораките ако сте лути, вознемирени или навредени бидејќи не се јавил неколку дена. Прво почекајте да се смирите, па тогаш одговарајте со студена глава. Не станува збор за тоа дека треба да се плашите да му покажете како се чувствувате, туку само за тоа дека е голема веројатноста да кажете нешто глупаво или понижувачки (за вас), поради што утредента би можеле да зажалите.

Пишете му нешто како “те чекав да се јавиш од понеделникот”, на пример. Ако сакате да му ставите до знаење дека сте лути, морате да бидете ладнокрвни. Тоа е единствен начин да оставите впечаток на опасна, а не очајна девојка.

Никогаш, ама НИКОГАШ немојте да праќате пораки од типот “каде си ти”, “зошто не се јавуваш”, “ми недостасуваш” или нешто слично на тоа. Тоа е ок сте во врска со години. Но, ако се гледате само неколку недели, ниту е реално да ви недостасува толку, ниту, пак, има смисла да го прашувате каде е.

Освен тоа, со таквите и слични пораки само оставате впечаток на девојка која нема ни трошка самодоверба. А тоа, како што сите знаеме, не е ниту најмалку интересно. А ниту секси, кога сме веќе кај тоа.

Но, немојте да подлегнете на искушението да ја играте “неговата игра“. Нема смисла сега и вие нему да не му одговарате точно онолку денови колку што тој вас ве држел во неизвесност. Две глупости не се согласуваат меѓусебно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.