Што научивме од американските филмови низ годините?

0

Вонземјаните секогаш ја напаѓаат Америка и зборуваат перфектен англиски и секоја брава може да биде скршена или може да се отвори со кредитна картичка, црна шнола за коса и метална прачка.

Најголем дел од луѓето имаа долга историја во гледање филмови, посебно холивудски блокбастери кои повеќе или помалку имаат работи кои се повторуваат во секое ново сценарио. Што научивме од сите филмови кои сме успеале да ги изгледаме низ годините?

  • Кога бегаат криминалците низ улицата, тие секогаш се удираат во случајните минувачи и човекот што продава овошје или зеленчук, а добрите момци умешно ги избегнуваат неспретните ситуации
  • Шаржерот на пиштолот секогаш е полн, иако полицаецот пука цел вечер
  • Ако жената бега од некого, секогаш се сплеткува и ќе паѓа
  • Богаташите се несреќни луѓе. Среќата доаѓа преку скромноста.
  • Ниту една од жените не чисти, ама куќата секога е чиста.
  • Тинејџерите се поискусни од своите родители.
  • Најголемите бубалици кои никој не ги сака оти не се убави и се многу паметни, на крај секогаш завршуваат со најпопуларното момче од богата фамилија, кое всушност е многу паметно и сочувствително ама не сака да покаже.
  • Главните ликови гледаат филм, јадат и пуканки со путер. Завршува цел филм, а пуканките уште не се изедени.
  • Ајфеловата кула во Париз може да се види од најгорниот кат на секоја зграда во Париз
  • Вонземјаните секогаш ја напаѓаат Америка и зборуваат перфектен англиски
  • Мајките секогаш наутро готват јајца со сланина, вафли или палачинки, но семејството никогаш неа време да ги изеде.
  • Колку брзо да бега жртвата, убиецот секогаш со одење е побрз од неа.
  • Шефот на полицијата секогаш го суспендира најдобриот полицаец, оној што е ѕвезда на неговиот оддел заради најмногу решени случаи и ќе му даде 48 часа да го реши случајот.
  • Секоја брава може да биде скршена и може да се отвори со кредитна картичка, црна шнола за коса или метална прачка.
  • Негативецот секогаш умира на крај

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.