Што научив од мојата постара сестра

0

Сестрите се тие кои си даваат доживотна поддршка, за добро и лошо, за среќа и тага. Благослов е да имаш сестра, да имаш пријателка од раѓање која ќе ти биде пример во животот. Таа ќе ти покаже како треба, но и како не треба да се однесуваш во секоја ситуација.

Што научив од мојата постара сестра?

Научив дека животот не се зема здраво за готово, дека секоја голема одлука мора да биде убаво размислена и донесена.

Научив дека дури и расправиите се некогаш од корист за да сфатите дека се сакате уште повеќе.

Од друга страна пак, научив дека кога станува збор за забава, тогаш настаните треба да се доживуваат со полно срце.

Ми покажа дека не треба да се пие алкохол на празен стомак – НИКОГАШ!

Научив дека мажите ќе бидат мажи, себични личности кои ќе ги сакаш и ќе ги мразиш истовремено најмногу на свет.

Таа ќе биде тука да ти го чува грбот.

Секогаш може да им каже на непријателите да се изгубат од твојот живот, а ти да не излезеш кукавица бидејќи таа го прави тоа во твое име.

Таа секогаш е кул!

Секогаш можеш да и ја земеш омилената блуза и да не ти рече ништо.

Знаеш дека кога и да се јавиш после полноќ без пари за такси, секогаш доаѓа да те земе со автомобил, без разлика што прави во моментот.

Нејзиниот совет е најискрениот бидејќи те сака со цело срце.

Таа е твојот родител, пријател, сестра, брат…

Таа ќе ти даде насоки за работа и ќе ти помогне да ја најдаш работата што ја сакаш.

Таа е личноста која ти помогна да пораснаш и да бидаш човек каков што си.

Ти помогна да ги реализираш своите соништа.

Сестра е личност која ќе го прелета светот за да го види твоето новородено бебе.

Таа секогаш ќе те потсети на семејните вредности.

Сестра ти ја знае душата, знае како дишеш и како чука твоето срце, бидејќи е една половина од нејзиното.

Таа те сакала од бебе, те сака сега и ќе те сака засекогаш – тоа е благословот да имаш сестра.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар