Што научив во 2015? (втор дел)

0

Писмо од читател:

“Почетокот на годината за многумина е инспирација за промени, новитети и идеи за тоа што сакаме да ни се случи во следните 12 месеци. Ова е период кога се кројат големи планови за цела година. Но, исто така почетокот на годината е идеален период за да се свртиме наназад и да се запрашаме што нѐ научи 2015 година”.

Ова се следните 6 лекции кои ги научив во изминатите 12 месеци:

7.Не го земај авторитетот “здраво за готово”. Почитта кон повозрасните и надредените е одлика на добро домашно воспитување. Таа треба да е врежана во нашиот сет на вредности засекогаш. За жал, не ретко се поистоветува со послушноста. Погрешно! Не сте должни слепо да ги следите советите и инструкциите од надредените. Доколку одредена личност е на висока позиција во хиерархијата значи дека поседува богато искуство и знаење, но не значи дека секогаш и за сѐ е во право. Во случај кога не се согласувате со претпоставените, кажете го своето мислење и понудете го своето решение за конкретна ситуација. На тој начин ќе покажете дека се грижите за проблемите и успехот на компанијата во која работите.

black-fashion-girl-lonely-street-Favim.com-87147

8.Во ред е да згрешиш и да го признаеш тоа. Пред само неколку години на сопствените грешки гледав како на најстрашното нешто што може да ми се случи. Се срамев од нив и плашејќи се да не погрешам едноставно се повлекував и не превземав ништо. По одреден пероид, сфатив дека не сум постигнала никаков прогрес и решив да ја променам ситуацијата. Анализирајќи се себеси и околината, сфатив дека е сосема нормално да се згреши и одлучив да го променам мојот пристап кон грешките. Да, и понатаму ги правам, но сега директно се соочувам и упорно се трудам да ги поправам. Иако сами сме одговорни за сопствените грешки, сепак нормално е да побараме помош и совет при решавање на истите.

9.Многу е важно да се има ментор во животот. Многу често во животот доаѓаат периоди кога се чуствуваме изгубено, беспомошно и не сме сигурни кој правец да го избереме. Во вакви моменти, најпотребни ни се луѓе кои објективно ќе ја проценат ситуацијата во која се наоѓаме и каде се движиме со цел да ни дадат корисни совети за промените кои треба да ги направиме и одкуките кои треба да ги донесеме. Менторот треба да биде личност на која и верувате и на која се восхитувате. Тој треба да ве инспирира и помага да ги решите проблемите. Менторот ќе ви помогне да се соочите со стравовите и проблемите со тоа што ќе ги постави “тешките” прашања коишто самите потсвесно ги избегнуваме. Бидете сигурни дека сте избрале добар ментор ако го имате чуството дека не сте сами.

10.Можеш да процениш дали си нечив приоритет според времето што го поминува со/за тебе. Денес, кога забрзано се живее и сите сме “заробени” од безбројните обврски, најскапоцен подарок што може да го подариме некому е времето. Социјалните мрежи се навистина забавни, лесно достапни и корисни. Но, пријателите од нашите off-line социјални мрежи се тие кои искрено ќе се радуваат на нашите успеси и ќе бидат покрај нас во тешките моменти. Најмалку што може да направите е да заборавите на мобилните телефони додека разговарате со пријателите и целосно да се посветите на разговорот. Ниедна Facеbook нотификација не е поважна од она што има да го соопшти твојот пријател.

11.Зборовите не вредат ништо без дела. Ветувањата лесно исчеснуваат во воздухот, но делата остануваат засекогаш бидејќи луѓето никогаш нема да заборават како вие сте направиле да се чувствуваат. Не чекајте повод! Секој месец изберете по една драга личност и покажете ѝ колку таа ви значи, приредувајќи изненадување за неа. На крајот од годината ќе имате еден куп среќни лица по ваша заслуга. Правете го на другите она што сакате да ви го прават вам. И секако, не заборавајте – среќата се враќа како бумеранг!

diane-kruger-friends-girls-hug-Favim.com-186098

12.Она што го мислиш за себе е основа за туѓото мислење за тебе. Секоја среќна личност има висока самодоверба и зрачи со позитивна енергија. Околината многу лесно ги забележува ваквите луѓе, бидејќи тие имаат некаква магична гравитација. Бидете упорни и трпеливи во остварувањето на сопствената среќа. Усреќете ги своите драги луѓе, вложувајте во  сопственото знаење, радувајте се на малите работи, учете од грешките, бидете искрени и среќата ќе стане ваш најверен пријател.

Пред да ги поставите целите и плановите што сакате да ги постигнете во 2016 година, направите своја листа на лекции научени лани. Самоевалуацијата е одлична за личната ментална хигиена. Почитувајте се себеси и никогаш не престанувајте да работите на себе!

Текстот го напиша: Марина Златевска