Што му прави љубовта на телото?

0

Сите сме запознаени со убавото чувство на заљубеност, но дали знаете каква наука се крие зад овој моќен збор?
Сигурно би сакале да ги дознаете најневеројатните факти научно потвредни за тоа како љубовта влијае на нашиот ум и телото….

Љубовта е природен пат за ослободување на болката

Сите знаеме дека прегратките прават да се чувстуваме добро и комфорно. Последните истражувања покажаа дека окситоцин ( хемикалија во мозокот која создава чувство на смиреност и блискост ) се ослободува за време на 10-20 минутно прегрнување и помага во намалување на било каква болка во телото, посебно главоболка.

Знаете ли дека само ако гледаме фотографија од нашиот сакан се зголемува издржливоста на болката во телото, а истата се намалува дури 40% во случаи?

Мозокот ја поставува сликата на нашиот партнер како позитивна дистрикција за фокус, наместо чувството на болка во телото, истото делува како анелгетик- потврдуваат стручните лица.

Љубовта се грижи за нашето срце

Студиите покажуваат дека изразувањето на љубов го намалува брзото отчукување на срцето во време на стресни ситуации. Поради тоа се намалува и ризикот од срцеви заболувања на долг рок.
Покрај тоа, окситоцинот е познат хормон на љубовта – го намалува стресот, високиот крвен притисок, ја намалува анксиозноста на телото и ја зголемува самодовербата кај личноста, а помага и во борба против депресијата.

Љубовта му помага на нашето тело во борба против болестите

Љубовта е поврзана со гестикулацијата – од држењето за раце до сексуална активност, со што се зголемува производството на ендорфин, кои за возврат го подобруваат нашиот имунолошки систем.

Љубовта ја лечи несоницата

Љубовните хормони ( окситоцин и ендорфин ) инхибираат ослободување на кортизол, хормон одговорен за стресот. Тие природно го претвараат во подобро чувство. Научно докажано е дека водењето љубов е еден од најефикасните третмани за спиење и добра ноќ.

Љубовта ја намалува можноста на зависноста (од нешто) и ги стимулира симптомите од одвикнување

Кокаин, никотин, алкохол – се тоа е некаква врска на зависност, бидејќи истите влијаат на нивото на допамин во нашите тела. Допаминот е хормон одговорен за ненадеен наплив на задоволство и еуфорични ефекти.
Со други зборови, да се биде во љубов го исполнува вашиот живот со задоволство и екстази кои ви се потребни. Но, во исто време помага и во борбата со зависност и намалување на желбата на овие пороци.

Љубовта помага за подолг живот

Љубовта исто така им помага на луѓето за решавање на физичките услови побрзо како и за психичките проблеми. Докажано е дека луѓето кои се во љубов и негуваат одлична врска со партнерот имаат тенденција да живеат подолго.

Љубовта е терапија

Постојат многу причини зошто сакаме да бидеме заљубени, но меѓу партнерите најчестата е споделувањето со сакаат личност – слушање и разбирање во исто време. Поддршката од партнерите за надминување на било која ситуација е ценета од сите двојки – велат психолизите.
Љубовта и врските не паѓаат туку така од небо. Ние сме тие кои одбираме да се заљубиме, да се посветиме на врската или да се однесуваме поинаку, и на крај конечно да откриеме како да бидеме среќни и здрави.

Познатиот псхолог Роберт Стернберг вели: Без изразување на љубовта дури и најголемите љубови умираат!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар