Што може да научиме од комичарите за јавниот говор?

0

Стенд ап комедијата делува како лесна и забавна работа. Излегуваш на сцената, не е потрбено да следење на било какво сценарио, нема пауза и некакви правила- комичарот се обидува да ја насмее публиката константно 1-2 часа.

Вака кажано, па можеби и не е толку лесно како што мислевте.
Комичарите се луѓе кои имаат супер смисла за хумот и вештина да создадат одлична атмосфера со публиката како и да ја забавуваат  константно без престан.

Од нив може да се научи многу за начинот на комуникација со луѓето и за јавен говор, за истото потоа да се примени во секојдевниот живот.

Еве неколку совети што и тоа како се корисни во секојдневието…
1. Настапи со емоции за да се поврзеш со луѓето
Луѓето посакуваат да се поврзат со други луѓе, добро е ако ја искористите оваа предност и се поврзете со луѓето на емотивен начин.
Ако добро проследите настап на комичар ќе забележите дека прво тој ќе почне да ја раскажува тажната приказна за сопстевниот живот. Нешто што кај публиката веднаш ќе предизвика силни емоции и поддршка за него. Луѓето едноставно сакаат да се поистоветуваат со животите на останатите.
Доколку се наоѓате на состанок или пак се подготвувате за јавен говор, ова е одличен почеток да се поврзете со публиката, со луѓето кон кои треба да се обратите.

public-speaker__1467375455_77.29.53.249
2. Употребете ја бојата на гласот за публиката сликовито да го доживееона што го зборувате
Комичарите гласот го употребуваат за сликовито да ја претстават ситуацијата во умот на публиката.
Тонот и бојата на гласот за време на јавен настап се од големо значење пред публика, па дури и на помали состаноци на работното место.
Во секојдневниот живот ова може да ви послужи кога сакате да добиете нов клиент или пак треба да претставите важен проект пред голем ивеститор. Штом ја имате вештината за контрола на гласот и насликување на идејата или она што го говорите, со сигурност публиката ќе биде задоволна.

3. Говорот на телото е моќна алатка
Повеќето комичари преферираат да користат микорофон кој ќе им овозможи слободно движење на целото тело и гестикулации. За време на натапот на комичарот говорот на телото е како задолжителен елемент што тој го користи за поинтересно и подобро изразување на она што го говори.
Ова е бидејќи тие мора да се видени од целата публика, но исто така и поради самодовербата која ја шират пред публиката.
Во секојдневниот живот секако не е потребно да претеруваат со гестикулации, но секогаш кога имате јавен настап како говор на состанок или презентирање на одреден проект пред луѓе, настапете со самодоверба при тоа користејќи го движењето на телото како главна алатка за задржување на вниманието.
b
4. Направете структура на говорот
Комичарите честопати ќе ги слушнете како се навраќаат на претходната шега само поради тоа што го затвараат шоуто. Ова е со намера бидејќи публиката ги преппзнава веќе кажаните шеги, а на тој начи и полесно ги помни.
Оваа техника се препорачува да се користи за време на долги презентации за да се осигурате дека комплетно претставениот проект бил проследен внимателно со цел да очекувате фидбек.

Следниот пат кога ќе одите на стенд ап комедија, набљудувајте го комичарот од почеток на шоуто до крајот,а потоа искоритете ја таа техника на работно место или за јавен настап. Ќе забележите дека всушност тоа е вистинска умешност и секогаш помага во дадени моменти.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар