Што мојот татко нема никогаш гласно да ми каже

0

Искуството да се биде татко е бесценето. Чувството кога за првпат се бебето ќе ја стегне неговата рака, кога ќе го прегрне кога ќе му каже ‘тато’, се моменти кои никогаш не се забораваат.

Кога бебето доаѓа на овој свет, природно се врзува за мајката,  најпрво заради начинот на исхрана, а потоа заради сè останато.

Велат дека таткото е отсутен во голем дел од детството на своето дете. Но, дали сериозно мислите дека тој пропушта сè заради лична волја, дека не е заинтересиран за случувањата, бидејќи има кој да се грижи – мајката.

Можеби е само исплашен и не знае како да постапи. Ние жените честопати знаеме да го осудиме за неговите постапки, а притоа да не ја побараме позадината.

Таткото е исто што и мајката во животот на своето малечко. Го боли кога детето ќе се удри, плаче заедно со него, пати кога неговото дете пати, тажен е кога и тоа е тажно…

Тоа што тато никогаш нема да каже е дека плачот на детето е најголемиот страв и болка кој некогаш ќе го доживее.

Таткото е личноста која ќе те научи дека:

-Ти си посилен отколку што мислиш

-Ти можеш да бидеш суров онаму каде што треба, а нежен кога ќе го бара ситуацијата тоа од тебе.

-Ти си живо суштество и во ред е да плачеш.

-Ти не си истата личност од пред 3 минути и тоа е сосема во ред. Промените се дел од животот, а ние како луѓе се менуваме од минута во минута.

-Ќе ги третираш другите како што сакаш и тебе да те третираат

-Ако ја сретнеш личноста на твојот живот и една вечер сфатиш дека сакаш засекогаш да бидеш со неа, почекај до утрото за да и кажеш. Ако сè уште го мислиш истото и во 7 часот наутро – кажи и.

-Најхрабрата работа е да кажеш некому ‘те сакам’, што емотивно се отвориш секогаш ќе постои можност да крвариш

-Во ред е да бидеш ‘студен’. Тоа ќе ти донесе топлина

-Чувството на осаменост е најголемото зло

-На крајот, се ќе биде во ред

-Те сакам

Таткото не е личност која треба да се зема здраво за готово. Тоа што не можел да стигне на првата приредба во училиште, не значи дека не сакал. Тоа што не бил дома кога се случиле првите чекори не значи дека не го боли душата. Тој е твојот татко, со срце, емоции и љубов колку за три животи.

Никогаш не го заборавај тоа!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот