Што мислите колку вредите на Фејсбук?

0

Подемот на Фејсбук на берзата ја покажа финансиската вредност на социјалната мрежа на секој корисник.

Марк Цукерберг го стекна своето богатство, меѓу останатото и со продажба на рекламен простор на Фејсбук, но тоа не беше доволно, па одлучи на берзата да ги пласира и поединечно добивките од секој корисник на друштвената мрежа.

Акциите на Фејсбук котираат многу високо на пазарот чија цена достигна 44,10 долари, а тоа значи дека вкупната вредност на друштвената мрежа е 104 милијарди долари.

Што се однесува на корисниците, според службените податоци на Фејсбук секој месец активни се околку 850 милиони луѓе ширум светот.

За да ја дојдеме до вредноста на секој корисник треба да ја поделиме моменталната вредност на Фејсбук на берзата, 104 милиони долари со вкупната бројка на активни корисници- 850 милиони, што би значело дека секој човек на друштвената мрежа е „тежок“ околку 102,19 долари.

Иако, ова сметање е од чиста забава, сепак ја покажува вистинската финансиска вредност поединечно на секој корисник и што би можело да му се случи на Фејсбук ако само неколку незадоволни корисници ја напуштат мрежата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар