Што имаат лидерите?

0

Многу познати и веќе реализирани личности имаат сопствен рецепт за успех. Меѓутоа, дури и да ги дознаете сите детали од нечиј пат кон врвот, нема со сигурност да знаете како би го примениле рецептот на вас. Успешниот американски новинар, говорник и писател Мајкл Флечер во својата книга „Разбирање на психологијата на лидерите“ зборува за неколку карактеристики кои треба да ги има секој лидер.

Лидерите имаат развиена емпатија

Вистинските лидери мора да имаат емпатија и да покажуваат сочувствување. Во деловната комуникација важно е да покажете емпатија и разбирање за другата страна. Лидерите секогаш се ставаат во чевлите на соработниците за да можат да имаат максимална ефективност и ефикасност на тимот.

Лидерите се контролираат

Еден од најбитните показатели на емоционалната интелигенција е контрола на импулсивноста. Секој лидер мора да знае како да ги заузда рефлексните реакции и да не дозволи да реагира импулсивно. Лидерите не се нервозни, немаат висок тон на гласот и не се агресивни во комуникацијата.

Лидерите имаат јасна слика за себе

Тие добро се познаваат себеси и имаат објективна слика за нивниот карактер и способности. Само ако сте свесни за своите можности, ќе можете да испланирате конкретни и возможни чекор кои ќе ве одведат до врвот. Лидерите знаат како да ги искористат своите можности, ресурси и време за да успеат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот