Што им прават жените на сопрузите кога се лути

0

Во секој брак постојат караници, жените велат едно, мажите прават друго, настанува војна, па трае, потоа следи смирување и секако најслаткото на крај, казната.

Еве што прават жените за да ги казнат мажите заради нивните грешки:

  • Носам божиќни дебели пижами. Јас мислам дека се фестивни, тој мисли дека се одвратни, посебно кога ги носам надвор од сезона на пример во јуни или јули. Ова подразбира регулирање на климата на постудено, нешто со кое повторно не се согласува – Лесли Бланчард, блогерка.
  • Во основа, се што ќе кажам после инцидентот станува прашање кое треба да го изнервира дополнително. На пример тој прашува: Што има за вечера? Јас: Не  знам, што мислиш што има за вечера? Работите кои ги правам на секојдневно ниво како купување весник, закажување состаноци дури и менување на тоалетната хартија. Се е во застој додека не решам поинаку – Џени Триплет, автор на книгата „Surviving Marriage: In the 21st Century“
  • Додека тој е на работа, јас се прикрадувам и гледам една или две епизоди од омилената тв серија БЕЗ НЕГО! Ха! Сакам мали одмазди – Кејти Хол, блогерка.
  • Мојот сопруг знае дека не поднесувам кога ги остава нечистите алишта на подот. И уште ме прашува дали сум лута додека одам во кругови по куќата и собирам зад него. Па, потоа му одговарам на сладок начин – Не, бе душо, од каде тој впечаток?
  • Кога сум лута и нервозна, не готвам. Секако, нема причина да се казнувам себеси, па затоа нарачувам храна…само за мене. Кога ќе ме види како јадам, јас му велам “Ох, извини, не бев сигурна дали си гладен. Може да има нешто останато во фрижидер” – Андреа Тејт, писател и директор.

Размислете два пати пред да се искарате со сопругата следниот пат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот