Што им е поважно на мажите од сексот

0

Всушност постои и ваква работа што можеби ќе го промени мислењето кај жените за спротивниот пол…

Иако има еден стереотип што е тешко да се урне, а важи за сите мажи кога се жените во прашање, овој терапевт го докажа сосема спротивното.
На мажите сепак не им е само до секс, (иако во некои ситуации не размислуваат како што треба) и може да се каже дека и тие се многу емотивни, само што тоа никогаш нема отворено да го признаат или покажат.

Веројатно ќе се изненадите, но на мажите многу поважно од сексот им е нежниот допир полн со емоции.
Без разлика дали нешто им зборувате, шепнувате, молчите или само ги гледате- тие уживаат во нежните допири и мазењето, бидејќи тоа ги опушта и им дава до знаење дека се привлечни и дека се чувстувате сигурно кога сте до нив. На овој начин му покажувате дека навистина го љубите и дека секогаш ќе има подршка од ваша страна.
Тогаш како може ваквото чувство да е поважно од сексот?
Ако се водите по ова тогаш препуштете се на вашите чувства како жени и емоциите соделувајте ги со вашиот партнер, без притоа да задржувате се за себе или пак да се срамите да го покажете тоа.
Иако можеби понекогаш тие имаат фасада на „ недостижни фраери“, вистината може да е многу поинаква. А во повеќето ситуации и е!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.