Што е за жените добар секс?

0

Што за жените претставува добар секс, е прашање со кое се занимаваше интересна студија, а еве го интересниот заклучок…

Заклучокот е дека жените уживаат со своите партнери, но не ги сметаат за најдобри љубовници со кои биле.
Многу жени добриот секс го поврзуваат со оној кога прв пат доживеале оргазам или сексот со првиот партнер во кого биле заљубени“. Важен фактор кој влијае на оценката за „способен“ љубовник е „идеализацијата“- вели доктор Тами Нелсон, додавајќи дека жените се склони кон преувеличување.

„Како најдобар љубовник жената ќе го спомне мажот со кој еднаш имала секс за паметење, заборавајќи ги неубавите работи од минатото, а понекогаш го преувеличува и тој „најдобар“ за неа момент“- додава др. Нелсон.

Сексот со партнерот колку и да е возбудлив на почеток, со текот на време преминува во „работа“ која се извршува рутински, што влијае на мислењето кај жените дека нивниот партнер не е најдобриот љубовник кој го имале.

Жената сака предигра, без предигра и без возбуда сексот не е секс. Доколку веднаш се премине на „главата“ работа сексот е само обичен и ништо повеќе.
Чувствата доплнително ја разгоруваат страста или пак страста самата по себе го „разгорува“ моментот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар