Што е страв и зошто го чувствуваме

0

Сите ние чувствуваме страв од одредена ситуација, од луѓе од работи кои не тераат да се чувствуваме исплашено. Но, што е стравот?

Стравот, како емотивно-енергетска состојба на битување, се наоѓа на најниското ниво на човековата свест заедно со тагата, апатијата, вината и срамот. Стравот преставува аларм за индикација на опасност во функција на преживување. Во основа, тоа не се разликува по ништо од истото кај животните.

Од сите други аспекти на човековата егзистенција и хуманоста, стравот е една од главните човекови лимитирачки  инхибиции. Бидејќи е потребна  енормна енергија да се издигне над стравот, човек нема можност да се крене на повисоки енергетски нивоа без туѓа помош. Недостатокот на сопствената енергија и туѓата помош прават човекот или да биде парализиран од стравот или да направи потег кој суштествено не ја менува неговата оргинална позиција по вертикала, туку само по хоризонтала, што дава импресија на некакво квалитативно менување, но не значи апсолутно ништо посупстицијално. Токму поради ова, стравот бил и ќе остане главен и официјален алат за контрола на луѓето од страна на сите тоталитарни режими, диктаторски и деспотски владетели, како и институцијализирани религии.

Интересно е тоа што еден човек никогаш не може да управува со стравот, бидејќи тој управува со него, прилчина заради која е штетн за нас. Велат дека кога ќе се соочиме со стравот во тој случај ќе го надминеме, а до тогаш ќе живееме во грч од можноста да се случи тоа од кое се плашиме најмногу.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.