Што е среќа

0

Секогаш е интересно да се ѕирне во нечии размисли. Особено, кога тие се толку искрени и интересни и ни ја дефинираат среќата.

Вера Јанкович, диџејка, водителка, пејачка

jankovic

Сета среќа од овој наш свет е спакувана токму на оваа фотографија. Енормно голема количина енергија извлечена од секојдневното опкружување кое малкумина за жал знаат да го позајмат и спакуваат во кутијата која ја чува нејзината моќ. Народот рекол: Среќата со пари не се купува!!!  Јас би додала: Живееме,  работиме, се бориме за парче леб и за она малку блажентство што некој го нарекол СРЕЌА. Не е битно со која количина таа се стекнува, битно е да ја грабнеш и кога имаш, и кога немаш! Оти само таа не турка напред, тоа е таа локомотива која ја ВЛЕЧЕ композицијата наречена ЖИВОТ. Оној кој пронаоѓа мир и убавина катадневно, е тој да си го чуваш.  Таа се ужива сега и овде, таа е пеперутката наречена ЦАР, онаа која пафтајќи со крилјата ги допира сите неразбудени атоми од човековата душа. Хесе имал право: „Среќен е онај што умее да сака.“

Александар Буневски, фотограф

bunevski

Среќа е трудот од вчера со кој сме постигнале подобро денес, времето потрошено на работите кои не исполнуваат, среќа е моментот потрошен на луѓето со кои ја делиме истата. Исполнетоста во секојдневието ме прави среќен, секоја минута потрошена на мојот внук е среќа за мене, секоја негова насмевка е среќна за мене. Среќа е фотографирањето на среќните моменти од животот на луѓето, моментот кога ја гледаат фотографијата и изразот на нивните лица кога ја доживуваат истата. Среќа е возењето велосипед, слушањето на музика, одење во кино и купување на пуканки и ред други работи кои ме исполнуваат. Секој е ковач на сопствената среќа.

Сандра Парнара Маџароска, магистер по меѓународна економија

parnara 3

Што е среќа? Среќа е кога ќе те прегрнат две мали рачиња за добро утро, потоа кога сопругот ќе те расони со кафето кое штотуку го направил, без разлика дали го направил по мера или не, среќа е кога имаш со кој да споделиш муабет два, среќа е кога трчам со насолзени очи кај мајка ми и таа ќе ме погали како што го правеше тоа кога бев малечка и ќе ме утеши како никогаш претходно, среќа е да ги „крадеш“  фустаните, штиклите и шминките од поголемата сестра, да правиш кули од карти, да играш криенка,  па и куклен театар со најмилите внуки и синчето, среќа е кога по долгиот ден татко ми ги има направено највкусните кременадли со по едно пивце, среќа е пријателството, но нема поголема среќа од фамилијата, нивното здравје и нивната среќа. Кога сите околу тебе се среќни, не преостанува ништо друго освен да му се насмевнеш и радуваш на животот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот