Што е среќа ( дел 3 )

0

Сте се запрашале ли некогаш каков изглед има среќата? Каде ја наоѓаме? Што ја прави поголема? Која е правилната количина на среќа која ни е потребна за навистина да бидеме среќни? И што всушност, е среќа? Денеска, три лика ни откриваат што за нив е среќа.

Ана Палашовска, наставничка по англиски јазик

aa653d5e-93e4-4e65-a10e-2e3fad742954

“Среќа е… кафе со пријателите, неделниот ручек со семејството, снежен ден и топол чај од нане, омилената песна на радио, добро прoчитана книга, парче чоколадна торта со вишни, а најголемата среќа е возвратената насмевка.”

Драган Таневски, сопственик на приватна фирма

b75ef003-f421-4173-b4e0-8b970c86af30

Среќа е да најдеш будалетинка слична на тебе и да си направите племе.

Симона Ристевска, make up артист

a34af6c0-0a97-459f-8d27-46dea1dc723d

Една од најважните работи е како да најдеме среќа во малите нешта… Среќа е она поспано окце наутро кога ќе го здогледа човекот кој живот значи, прегратката и бакнежот со него прави среќата да трае цел ден, среќа е радоста на моето „плишано“ куче кога од врата ќе ме пречека со неговата омилена играчка – најискинатиот чорап на цел свет! Среќа е радоста на твоите родители предизвикана од твојата среќа. Среќа е завршување на денот со чаша добро вино и потсетувањето дека истиот бил среќен ден. Среќата е толку блиску до нас, само треба да се распознае.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.