Што е она што секоја жена ја привлекува кај мажите?

0

Во повеќе наврати имаме забележано дека мирисот има најголемо влијание кога се работи за привлекување на партнери.

Ако во минатото жените велеа дека мажот е секси кога ја има својата природна миризба, овој пат тие го истакнаа своето поинакво мислење. Во најновите студии, резултатите велат дека жените за привлечни ги сметаат мажите со добра миризба, односно со силни парфеми и дезодоранси.

Ова интерсно истражување на веќе позната тема вклучи 130 мажи и жени со цел да се процени природата на машкоста низ фотографии и 239 мажи и жени од кои се барало да ја проценат машкоста врз основа на мирисот од 40 лица на спротивниот пол . Резултатите се покажаа неочекувано итересни.

Жените се чувствителни на природна миризба, а момците пак од друга страна сметаат дека жените се привлечни кога користат дезодоранс и парфеми.

Резултатите покажуваат дека момците кои не биле оценети физички како многу мажествени според својот изглед, на испитаниците им делувале многу помажествено кога истите користеле дезодоранс или силен парфем.

Според тоа може да заклучиме дека парфемот не смее да се изостави при прв состанок! И по можност оној најдобриот!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.