Што добиваме со бакнувањето

0

Бакнежите секогаш носат нови возбудувања, а ние издвоивме неколку податоци за бакнувањето кои можеби не сте ги знаеле, а којзнае можеби ќе ви бидат од корист.

Брз романтичен бакнеж ќе согори околу две до три калории.

Францускиот бакнеж согорува многу повеќе. Минута француско бакнување согорува околу 26 калории.

На усните има 200 пати повеќе нервни завршетоци отколку на врвовите на прстите.

Со бакнувањето се произведува ендорфин, кој е 200 пати посилен од морфиумот.

Кога жените се во сериозна врска, многу е веројатно дека на основа на бакнежот и неговата зачестеност се обидуваат да го проценат квалитетот на истата.

Дваесет и девет мускули на лицето се активни кога бакнувате.

Две третини од луѓето се бакнуваат со затворени очи. Останатите сакаат да го гледаат изразот на лицето на партнерот додека ги бакнува.

Уште еден бенефит е следниов: кога се бакнувате разменувате плунка кој во себе има протеини и антигени,а со тоа може да се поттикне развој на антитела и да го зајакне имунитетот.

Кога бакнувате со страст, тоа го зголемува крвниот притисок исто како при вежбање односно трчање.

Ескимите ги тријат носевите и тоа во вербален превод значи „Те сакам“.

Секоја втора личност на планетава првиот француски бакнеж го доживува на четиринаесет години.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот