Што да се посети во Амстердам

0

Амстердам, град со импресивна архитектура, град кој лежи на бреговите на две водни маси, заливот Ајселмер и реката Амстел. Град кој спие на 160 канали кои го делат на околу 90 островчиња, поради што гордо го носи епитетот – Венеција на Западна Европа. Амстердам е градот на лалињата, ветерниците, кломпите, црвените фенери, велоспедите, но и град на музеите. Ако некогаш патот ве носи токму во Амстердам, одвојте ден-два за да ги посетите сите музеи со кои Амстердам може да се пофали.

Најважните музеи во Амстердам се наоѓаат на плоштадот на музеите, лоциран југозападно од музејот Rijksmuseum. Тој бил изграден во последната четвртина на 19-от век врз темелите на поранешниот светски саем. Пред Rijksmuseum на самиот плоштад се наоѓа долго правоаголно езеро. Истото се претворa во лизгалиште во зимскиот период. Rijksmuseum ја поседува најголемата и најважната збирка на дела од класичната холандска уметност. Тој бил отворен во 1885 година. Неговата збирка се состои од скоро милион предмети. Најповрзан со Амстердам е уметникот Рембрант, чие дело и делото на неговите ученици е изложено во овој музеј. Ремек делото на рембрант „Ноќната Стража“ е едно од врвните уметнички парчиња во овој музеј.

Rijksmuseum-2 (1)

Ван Гог живеел во Амстердам еден краток период, па затоа во негова чест е отворен музеј за неговото дело. Музејот е сместен во една од новите модерни згради во оваа област на Амстердам. Некои од најпознатите слики на Ван Гог како Сончогледите се наоѓаат во колекцијата на музејот. Музејот на Ван Гог е најпосетениот музеј во Амстердам.

vangog2

Отворен во ноември, 2011 година, Музејот на тетоважите е еден од најновите во Амстердам. Посветен на историјата на тетовирањето и пирсингот, поседува повеќе од 40.000 примероци од целиот свет почнувајќи од игли до фотографии, дизајни, постери и слично.

tattoo 2

Плакарот за мачки е музеј посветен целосно на прекрасните суштества – мачките! Основан во 1990 година од богатиот Вилијам Мејер во чест на неговата сакана мачка Том, денес музејот поседува завидна колекција во која свое место заземаат дури и дела на Пикасо, Ремрант, Теофил Стејнлен и многу други.

muzej na macki

Кралската палата се наоѓа на плоштадот Дам, во самиот центар на Амстердам. Таа оригинално била замислена како градско собрание. Во 17 – ти век оваа зграда била најголема зграда во Европа, која не била наменета за религиозни цели. Новата црква е позната затоа што ги величи „богатствата“ на другите земји, култури и религии, за кои многу се говори во текот на изложбата. Лоцирана е на главниот плоштад, веднаш до Кралскиот дворец и е една од најпосетените изложбени простори во Холандија.

royalpalace2

Пред куќата на Ана Франк во Амстердам, секој ден има голем метеж. Посетителите по малите скалила се качуваат до малите, мрачни соби, во кои заедно со своето семејство, речиси две години се криела Ана Франк. Тоа е местото каде е напишан познатиот дневник. Во книгата за импресии во музејот потпишани се познати музички ѕвезди, кралеви, фудбалери…

ana frank-kukja

Во Амстердам може да го посетите и единствениот и уникатен музеј за деца, Немо. Во музејот се организираат работилници за деца, децата можат да научат нешто плус за технологијата и да видат до каде стигнала науката.

nemomuzej2

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот