Што би се случило ако целиот свет престане да јаде месо до 2050 година

0

Ако се тргне месото од менито, тоа може да донесе бенефит по здравјето на човекот, но може да влијае на животот на милиони луѓе на планетата.

Луѓето стануваат вегетаријанци од различни причини, некои заради тоа што сметаа дека на тој начин поздраво ќе се хранат, други заради повреда на животните…

Но, што би се случило ако сите луѓе на светот станат вегетаријанци?

Последиците би ги почувствувале милиони луѓе во светот.

“Во разбиените земји, вегетаријанството би донело различни бенефити, како за животната средина, така и врз здравјето на луѓето. Во земјите во развој, би се почуватвувале негативни ефекти, односно сиромаштија” – вели Ендру Џарвис од Интернационалниот центар за тропска агрокултура од Калифорнија, пренесува National Geographic.

Негов колега, Марко Спрингман, истражувач за истата програма од Оксофорд вели дека ако сите луѓе до 2050 година престанат да јадат месо, би се намалила емисијата на штетни гасови за 60% , која се поврзува со производството на храна, најмногу заради црвеното месо кое би се исфрлило од исхраната.

Дали е потребно да се откажеме од месото, за да ја спасиме планетата – за среќа одговорот  не е во целост негативен. Не мора сите луѓе од целиот свет да станат вегетаријанци или вегани за да се намали опасноста. Кичната работа е во модифицирање на порцијата месо која ја јадеме.

Наместо големо парче, да одбереме мало парче место. Уште една промена е да се зголеми цената на месото, а да се намалат цените на овошјето и зеленчукот.

За сè има решение, само треба волја и посветеност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот