Што би правеле ако не бевте “врзани” во социјалните мрежи

0

Со години наназад сме во долга, стабилна и сериозна врска со Фејсбук. Се будиме – Фејбук, легнуваме -Фејсбук, на пауза од работа – Фејсбук и така натаму во секое животно окружување. Истото важи и за останатите социјални мрежи. Сте размислиле како би било да не ги користите никогаш повеќе? Сигурно тоа би изгледало од прилика вака:

Повеќе слободно време

Да, ова ќе биде првата промена што ќе ја забележите. Можеби нема да знаете што ќе правите на почетокот со рацете и слободното време, ама ако најдете занимација ќе биде полесно. Плус, ќе имате повеќе време за читање книги. Нема да имате наталожена нервоза заради политички, општествени и останати случувања.

Нема да бидете отсутни во друштво

Ќе имате простор и концентрација реално да се посветите на тековните разговори. Ќе се сеќавате на случките од вечерта и разговорот нема да се сведува на тоа кој што “постирал” на неговата страница.

Нема да ги пропуштате малите моменти

Ова е феномен кој го доживуваат сите со паметни телефони, камера и социјални мрежи. Ги пропуштате најдрагоцените моменти на кои верувајте, ќе се сеќавате и кога ќе бидете стари. Ќе ги видите лицата и насмевките на нив, очите кои сјаат од среќа или тага.

Ќе уживате лице в лице средбата со пријателите

Средбите во реалноста носат многу бенфиции за сите. Споделувањето на информациите и случките, кажани од прва рака се доживуваат многу поинаку, со повеќе емоции и уживање.

Од друга страна ако не сакате веднаш целосно да се изолирате онлајн, тогаш пробајте вака:

  • Пробајте барем на еден месец да го исклучите профилот
  • Исклучете ги известувањата
  • Избришете ја мобилната апликација
  • Ограничете го времето кое го поминувате на фб на дневно ниво
  • Дозволете си да споделите се што ви се чини интересно, но пробајте тоа да го правите на разлика од еден час
  • После ова пробајте уште еднаш да се откажете на пробен период од 30 дена.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.