Што би му одговориле на детето во себе ?

0

Често знаеме за некои луѓе да кажеме дека се големи деца, или пак дека го чуваат детето во себе. Токму така, психолозите имаат развиено многу правци во кои личноста ја делат на повеќе подличности, а една од нив е детето.

Внатрешното дете е синоним за креативност, наивноста, љубопитноста и играта. Какво е нашето внатрешно дете во голем дел зависи од тоа какви сме биле ние во нашите детство.

Па така доколку како деца сме се лутеле кога сме играле не лути се човече, голема е веројатноста како возрасен да се лутиме кога сме поразени. Ако пак не сме играле доволно, како возрасен ќе се навраќаме на сите детски лудории.

Честиот контакт со деца ќе не врати во детството и може да ни го разбуди детето во нас. Но, замислете, кои биле вашите желби како дете, што сте сакале највеќе, што сте сакале да бидете кога ќе пораснете?

Вашето внатрешно дете ви ги поставува следните прашања, обидете се да му дадете одговор:

Дали стана човекот кој сакаше да бидеш?

Дали се уште го сакаш светот, со целата убавина и секој ден откриваш нови работи?

Дали им помагаш на другите, и знаеш да делиш ?

Дали ги почитуваш оние кои ти дарија живот?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.