Што ако во момент на интимност ве ‘фатат на дело’

0

Си седите со партнерот, гледате филм, се гушкате и се мазите и полека работите почнуваат да се вжештуваат, вие се опуштате и во тој момент влегуваат вашите родители!

Не знаете што попрво да направите, дали да барате каде ви се панталоните, блузата, градникот, чорапите и се што е наоколу или да се покриете набрзина со некоја прекривка што ви е при рака. Колку што е комична ситуацијата, толку е и трагична до некаде, барем за вашите родители.

Не заборавајте дека за нив сте се уште деца чии пелени ги менувале на истиот кревет каде сега сте фатени на дело. За нив е неверојатно тоа што го гледаат и ситуацијата станува многу непријатна.

Вие тука можете многу да им олесните и наместо за се скриете во соба и да се правите дека ништо не се случило, штом останете сами седнете и разговарајте отворено на темата. Смирете ги малку, кажете им дека сте свесни за сексуалноста и за заштитата при односот. Ако вие сте нивната ‘малечка’ ќерка, тогаш кажете им дека и за вас ова е ново, ако пак сте синот кој пораснал кажете колку сте свесни за се што се случува. Смирете ги малку за им биде полесно.

Смирената ситуација и отворениот разговор се секогаш подобар избор за санирање на штетата. Но, следниот пат за секој случај, два пати заклучете ја вратата или влезете во вашата соба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.