Што од вашата храна може да му давате на кучето?

0

Има причина зошто не се препорачува да се хранат кучињата со истата храна која ја консумираме ние луѓето. Сè што ние подготвуваме и јадеме, не е добро за нивниот организам.

Ова е листа на храна која смеете и која не смеете да ја делите со вашите миленици.

Храна која не смеете да ја делите:

dog-looking-donut-jpg-838x0_q80

Чоколадо и слатки: Сигурно сте слушнале досега дека на кучињата не треба да им се дава чоколадо и има причина зошто е тоа така. Дел од слатките содржат стимуланси како кофеин кој не е препорачлив за нив. Може да предизвика повраќање, дијареа, нерегуларни срцеви отчукувања, напади, а во некои случаи, ако се претера и смрт.

Свежо и суво грозје: За луѓето, овошјето има голема нутритивна вредност, но тоа може да биде токсично за кучињата предизвикувајќи пореметувања во бубрезите.

Кромид: Од овој зеленчук единствената негативна работа за луѓето е што при негова подготовка може да предизвика солзи. Што се однесува до кучињата, тој може да предизвика штета кај црвените крвни зрнца.

Авокадо: Лисјата, семињата, кората и самата срцевина на авокадото имаат состојка себе која се нарекува персин и може да предизвика тегоби во стомакот кај кучињата.

Алкохол: Ако на шега некогаш помислите да му дадете алкохол на кучето – немојте! Дури и во мала количина тој ќе предизвика повраќање и напади.

Храна која смеете да ја делите:

hand-feeding-dog-jpg-653x0_q80_crop-smart

Путер од кикирики: Ако сакате да го почестите кучето со една лажица путер од кикирики, без гајле – слободно направете го тоа – одличен извор на протеини и здрави масти кои се добри за кучето.

Јогурт: Овој производ содржи високо ниво на протеини и калциум, како за вас така и за кучето, посебно ако има проблеми со варењето на храната.

Овесна каша:Полна е со растителни влакна и е безбеден оброк за кучиња кои имаат склоност кон алергии. Само не додавајте шеќер.

Пилешко: Уште еден извор на протеини за вашето куче. Ако во моментот ви снема од специјалната храна за кучиња, во тој случај ова е супер замена. Згответе го и послужете го вашиот миленик.

Лосос: Кучињата имаа голем бенефит од омега 3 масните киселини. Затоа, ставете малку зготвен лосос во неговата чинија со храна.

Брокула: Храна богата со витамини од која и вие, а и кучето ќе има придобивка. Но, без претерување бидејќи во спротивно може да предизвика иритација на желудникот.

Тиква: Богата е со витамин А, одлична за исхраната на вашето куче.

Боранија: боранијата е многу хранлива и има ниско ниво на калории, одличен извор на железо  и витамини.

Урда: Оваа храна содржи високо количество калциум и протеини, така што може да биде одличен додaток во исхраната. Како и да е, не претерувајте за да не му се јават проблеми со дигестивниот систем на кучето.

Други млечни производи:Во мали количества, сирењето и кашкавалот не се закана за здравјето на кучето, се додека тоа не покаже интолеранција на таков вид храна. Гледајте да имаат ниска масленост.

Моркови: Овој вид зеленчук има ниско ниво на калории и богато е со растителни влакна и витамини. Дополнителна придобивка е што грицкањето на морковот може да биде добро за нивните заби.

Јајца: ако на вашето куче ми се јави потреба од повеќе протеини, можете да го послужите повремено со кајгана или со варени јајца. Не се препорачува да се даваат живи јајцата во никој случај бидејќи постои ризик да се заразат со салмонела и да се разболат.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот