Шопинг манијата Garage sale продолжува уште два дена

0

Големата шопинг манија Garage Sale, организирана од трговскиот центар Рамстор, на радување на купувачите, ќе продолжи да трае уште два дена, односно до 23ти август, 2016 година. Производите од реномираните брендови, достапни во трговскиот, се уште ќе бидат достапни по цени намалени до 70%, а изборот ќе биде голем како и во претходните денови.

„Во договор со сопствениците од продажните локали, одлучивме да им излеземе пресрет на барањата на купувачите и да ја продолжиме шопинг акцијата Garage Sale уште два дена. Многу не радува фактот што интересот е толку голем, а посетеноста рекордна. Поради тоа, уште еднаш ги покануваме “зависниците“ од шопинг да не посетат и во наредните денови, за да се подноват себе си, своите најдраги, а секако и своето домаќинство по навистина ниски цени“ – изјавија од трговскиот центар Рамстор.

Акцијата Garage Sale, прерасна во традиција и бренд на трговскиот центар Рамстор.  Овогодинешната распродажба е иста како и претходните, препознатлива по висината на попусти, а различна во делот на интеракција со потрошувачите и нивното шопинг искуство во Рамстор Мол.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.