Шизици уживајте без ризици! Тестирај се, заштити се, не дискриминирај

0

Фестивалот „Таксират“ во однос на подигнување на јавната свест и промоција на позитивните вредности и годинава се приклучува кон светската кампања за борба против ХИВ/СИДА, со тоа што утре, на 1 декември ќе одржи концерт посветен на Светскиот ден на СИДА-та.

Настанот е дел од Националната кампања за борба против ХИВ/СИДА поддржана од страна на Светската Здравствена Организација и ќе се одвива под мотото „Шизици, уживајте без ризици – Тестирај се, заштити се, не дискриминирај”.

Локацијата е во МКЦ, Скопје, влезот ќе биде бесплатен за сите посетители кои со своето присуство ќе се приклучат на Националната кампања за борба против ХИВ/СИДА на Министерство за Здравство на РМ, финансирана од Глобалниот Фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, во соработка со Светска Здравствена Организација.

Ќе има различни активности, како проекции на филмови во кино „Фросина“, додека во фоајето на МКЦ ќе биде промовиран и овогодинешниот „Твитер календар” што ќе се продава по симболична цена, а средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели!

За музичкиот дел ќе се погрижат: Соња Исмаил со свој DJ сет, Лепи Џони и легендарните Bad Copy.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.