Шишајте се сами- водич со 6 чекори

0

Чекор 1.
Подгответе ги потребните алатки

Потребни ви се – ножички, огледало, чешал и штипка (шнола). Кога еднаш ќе вложите за во овие предмети нема да треба да трошите поново и поново, особено е важно да купите професионални ножички.

Чекор 2.
Подгответе ја косата
Пред да започнете, измијте ја косата, ставете шампон и маска. Ако сакате да ја шишате косата додека е влажа и тоа е во ред. Влажната косата потребно е да биде добро исчешлана.
Ако сакате да се шишате додека косата е сува, прво исправете ја со фенирање или со пегла за коса.

Чекор 3.
Поделете ја косата на неколку дела
За полесно да го изведете шишањето на косата поделете ја на неколку дела со помош на штипки- шноли. Поченете од задниот дел, а остатокот од косата кренете го горе во репче. Задниот дел од косата што се спремате да ја шишате поставете ја нанапред за да може да се гледате во огледало.
hair-1

Чекор 4.
Почнете да шишате
Колку е подолга вашата косата толку е побезбедно шишањето. Започнете со шишање на малку коса, бидејќи секогаш може да ја скратите. Држете рамна линија додека шишате. Штом завршите со едниот дел споредете го со другиот и така нема да погрешите.

hair-2
Чекор 5.
Горниот дел од косата поставете го нанапред во реп
Кога ќе завршите со едната третина од косата односно целиот долен дел, почнете со горниот дел односо репот.
Прво фатете репче и поставете го нанапред како на сликата. Исчешлајте нанапред и израмнете ја косата. Поченте повторно со помлаку шишање на косата.

hair-3
Чекор 6.
Израмнете и повторете (ако е потребно)
Користете огледала од едната и од другата страна за да го видите крајниот резултат на косата и секако должината.
Ако сакате косата да ви е покуса, тогаш повторете ја истата процедура.

hair-4
Шишањето на сопствената коса бара вистински трениг и фокус. Секако дека не е лесно, но доколку се решите на ова само следете ги упатствата. Сепак за повеќе драстична промена, потребно е да посетите фризер, но ако се работи за едноставно шишање на косата, секогаш може да научите и вие.

Набавете ги потребните материјали и обидете се сами. Се разбира, доколку забележите дека нешто не оди, фризерот е секогаш тука.
Но ова може да е навистина забавно, а пред се и ефтино.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.