Ширли Беси, дамата со кадифен глас

0

Глас кој не може да ве остави рамнодушни, ве плени штом го слушнете и посакувате да не престане никогаш. Тоа е вокалот на Ширли Беси. Светот најдобро ја знае по песните кои ги испеа за потребите на филмот Џејмс Бонд. Едниот беше во 1964 година Goldfinger , другиот во 1971 година – Diamonds Are Forever и третиот во 1979 година, Moonraker.

Во 2000 година таа ја доби титулата Dame кралицата Елизбаета II.

shirley_bassey_2012_06_03

Што се однесува до нејзината лична историја, таа е родена на 8 јануари 1937 година, во семејство со шест деца, каде таа била најмладото. Иако додека била во основно училиште, наставниците инсистирале да не сонува за кариера, оти е премногу тешко и неизводливо, таа сепак не ги послушала и почнала да го трасира патот на музиката.

Shirley_Bassey_(1971)

Во 1953 година го потпишала првиот професионален договор, а се чини дека тоа била иницијалната каписла која ќе и го отвори патот. Вистинкиот успех, односно моментот кога светот дознал за неа бил во 1960 година. Тогаш ја снимила и ја објавила песната  “As Long As He Needs Me” која се искачила на високото второ место.

Во 1977 година прими Брит награда за најдобра британска соло пејачка во претходните 25 години, воедно и еден од најдобрите вокали на 20 век.

p01hfz96

2824E75300000578-3061332-image-a-2_1430332811350

103000-shirley_bassey_617_409

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот