Шик фризури кои треба да ги пробате ова лето

0

Летото само што не почнало, а во лето се прават промени. Овојпат ние решивем да ви претставиме неколку фризури кои ќе бидат полн погодок за сезоната пред нас. Свежи и шик, а ќе можете да ги средите многу лесно односно не бараат премногу време за подготовка.

Коса со разделување на страна

Мислевте дека овој стил нема никогаш да се врати? Грешите. Веќе е тука. Оваа фризура можете да ја стилизирате на средна должина на коса како боб фризурата, ако не се подготвени за екстремната варијанта и да ја скратите повеќе.

files (1)

Прекршена коса

Ова е еден трик кој ќе ви помогне да ја освежите класичната боб фризура. Неуредна и брановидна, со шишки на средина и прамени кои му ставаат рамка на лицето. Ова изгледа шик, тренди и опуштено.

files (2)

Нагласен боб

Ова е необична варијанта на незаменливата боб фризура. Има нагласена структура која ја дели косата на два еднакви дела и целото внимание е свртено на густината и јачината на косата. Освен тоа, овој изглед ги нагласува убавите црти на лицето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот