Шенон Доерти зборува отворено за битката со ракот

0

Шенон Доерти беше повикана во шоуто на Др. Оз во кое зборуваше отворено за нејзината битка со ракот и како тоа влијаело на кариерата.

“Најстрашно е што во тие моменти вие се грижите најмногу за луѓето кои ги сакате и мислите дали тие ќе бидат добри ако вас ве нема. За мене, тоа беше најтешкиот дел” – рече таа.

Во август минатата година и беше дијагностициран рак на дојката. Таа за развојот на болеста вината делумно ја префрла на поранешната менаџерска компанија која направила пропусти во здравственото осигурување, тврдејќи дека во поинакви услови таа би ја открила многу порано болеста.

Во моментов таа е во постојана консултација со специјалисти за да и помогнат и да ја насочат како да продoлжи понатаму.

shannen-doherty-profile-miseeharris.com_

„Јас сум човек која сака точно да ги знае работите пред да донесе конечна одлука. Затоа на докторите им велам – Ок, да беше во прашање вашата сопруга или ќерка, како ќе постапевте?“.

Таа во интервјуто исто така откри дека е подготвена да направи мастектомија ако лекарите речат дека тоа е следниот чекор во третманот на болеста.

„На крајот на краиштата, тоа се само гради нели? Ги сакам, да, мои се, убави се, но се обидувам да ја гледам поголемата слика во целата ситуација. Ако тоа ми обезбеди живот наместо смрт, тогаш нема двоумење.“

Актерката која се прослави со улогата на Бренда во серијата “Беверли Хилс 90210” зборуваше и за тоа како дијагнозата и влиjаела на кариерата, велеjќи дека луѓето ја третираат како бoлна и неспособна да ја заврши работата.

Оваа година Доерти треба да ја глуми мајката на Чарлс Буковски, Катерина, во биографскиот филм за писателот, кој ќе биде во режија е на Џејмс Франко.