Шапката – незаменлив додаток на заводливите мажи

0

Шеширот од секогаш бил заштитен знак на самоуверени, бунтовни и харизматични мажи. Оние кои привлекуваат внимание каде и да се појават и освојуваат со поглед.

Без разлика на неговата форма во текот на годините тој бил, а и ќе остане начин на ставање на сопствен печат и индивидуалност во време кога речиси секој маж слепо следи трендови кои изминуваат и нема изграден стил.
shapka (8) (1)
Класичната федора шапка има корени уште од викторијанскиот период од 1882 година, a својата атрактивност, класично-модерен дизајн и фунционалност ги има и денес. Заштитува од студ или силно сонце, а на машкиот аутфит дава нота на мистериозност, моќ, храброст и го издвојува еден маж од останатите.
shapka (9) (1)
Федора шапката низ историјата стана симбол на поп културата и заштитен знак на шарматните мажи. Популарна ја направија незаборавните ликови какоЧарли Чаплин, Мајкл Џексон, Џими Хендрикс, Френк Синатра, Џони Дип многу други.
shapka (4) (1)
Заминлив факт е тоа што федора шапката што ја носеше Мајкл Џексон за време на неговата премиерна изведба во живо на темата Billie Jean, ја купи анонимен колекционер на аукција за 6320 долари.

shapka (2) (1)
shapka (5) (1)
shapka (6) (1)
shapka (7) (1)
shapka (10) (1)
shapka (11) (1)
shapka

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот