Шаманизам – комуникација со духовниот свет

0

Најкратката дефиниција за шаманизмот е – контакт со други нивоа на постоење, попознат како – светот на духовите, со помош на посредник. Терминот има турско потекло и значи – практичар. Денес со него се означува секој што според некои верувања, практикува поврзување со духовите.

Неговата најпозната задача е исцелување со помош на духови од животните, билките, претците, па дури и со вонземски облици на живот. Останатите подрачја на дејство им се одржување на традицијата и древната историја.

Ако посакате да постигнете комуникација со духовниот свет потребен е влез во друга состојба на свеста, велат овие луѓе, додавајќи дека постигнувањето на трансот може да се доживее и без употреба на психоделични супстанци. Тоа се посебни танци, музика, пост и ударни инструменти. Значи, ако посакате нешто такво, тогаш шаманот е вистинската личност за вас!

Шаманизмот не е базиран врз догма и идеологија, туку врз поединечно искуствено и сознавање на закони и механизми кои владеат со природата и човечката психа. Шаманското исцелување сé уште не е објаснето до крај, а не е ни признаено.

Историскиот развој на шаманизмот, исто така, е мошне интересен момент. Потеклото е непознато, но се знае дека корените достигнуваат најмалку 12.000 години низ историјата. Она што запрепастува е брзината со која шаманизмор се проширил низ целата планета, како и бројноста и жестината на конфликтите на водечките светски религии со шаманите. Сепак, шаманите и денес се актуелни. Најзастапени се во Америка, но ги има и во Африка, Окејанија и на Сибир. Во Европа познавачите на оваа култура најчесто потекнуваат од турски, бугарски или унгарски племиња. Азија пак, е пополнета со корејска, тибетска и монголска пракса кои го заземаат местото на традиционалниот шаманизам.

Главниот адут на современиот шаманизам се северноамериканските Индијанци. Во Латинска Америка, во подрачјето на Амазон, племенските врачови, за постигнување на шаманскиот транс користат посебен пијалок, кој, како што тврдат, го добиле од боговите.

А, одговорот на прашањата дали и колку шаманизмот е ефикасен и како се спроведува, се дел од друго поглавје што наскоро ќе биде објавено.

 

Подготви: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот