Сезоната на респираторните инфекции е во полн ек

0

Сезоната на респираторните заболувања и нивниот најпрепознатлив признак – кашлицата, е во полн ек. Предизвикувачите се многубојни и најчесто дејствуваат комбинирано.

Студот, загадениот воздух, чадот од автомобилите и од фабриките, па и миризбата од правосмукалката и од средствата за домаќинство – се тоа влијае на белите дробови и на евентуалните воспаленија на дишните патишта.

Лекарите велат дека границата од „обичната“ настинка до бронхитис, е мала, ако не обрнеме доволно внимание на здравјето.

За тоа, тие препорачуваат капки и капсули кои освен како лекови, се употребуваат и за превенција од респираторни инфекции.

Извор: mia.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текст